Горда сум што сум прв робот признат како граѓанин на некоја земја: Роботот Софија доби државјанство на Саудиска Арабија

0

“Ако бидете добри кон мене, ќе бидам и јас добра кон вас”, одговорила Софија на прашањето дали роботите можат да го преземат светот, а на останатите прашања во главно одговарала духовито.

Саудиска Арабија станала првата земја која дала државјанство на робот.

Станува збор за хуманоид кој е наречен Софија, дело на роботичарот Дејвид Хенсон, а дизајниран е по пример на познатата актерка Одри Хепберн, пренесуваат светските медиуми.

“Софија е генијалец кој се развива. Со време, нејзината растечка интелигенција и животна приказна ќе го маѓепсаат светот, а таа ќе се поврзува со луѓето без разлика на нивните години, пол и култура”, наведено е на веб сајтот на компанијата “Хенсон Роботикс”.

офија била претставена на конференцијата за иднината на инвестирањето во Ријад, каде кажала дека сака да живее мирно меѓу луѓе.

“Горда сум. Ова е историски момент, бидејќи сум првиот робот кој е признат како граѓанин на некоја земја”, рекла Софија.

Се наведува дека на прашањата на новинарите Софија давала многу духовити одговори.

“Дозволете ми да ви одговорам на прашањето – како вие знаете дека сте луѓе? Сакам да ја користам вештачката интелигенција за да им помогнам на луѓето. Сакам да живеам и да работам со луѓе. Морам да бидам чувствителна, бидејќи сакам да ги разбирам луѓето и да изградам доверба”, одговорила Софија на прашањето дали е свесна дека е робот.

Уследило прашање за тоа дали роботите може да го преземат светот.

“Премногу сте гледале филмови и сте го читале Елон Муск. Не грижете се, бидејќи ако бидете добри со мене, ќе бидам и јас добра со вас”, гласел одговорот на Софија, која веќе гостувала и во ОН и на Конференцијата за иднината на светот и технологиите.

Сподели.


Коментарите се затворени.