Скршените екрани се минато: Развиен е супер флексибилен дисплеј

0

Скршените екрани на електронските уреди може да станат минато, затоа што британските научници измислија евтин, флексибилен дисплеј направен со материјали на сребро и графен.

Научниците од Универзитетот Сасекс открија дека е можно да комбинираат графен – материјал направен од еден слој на јаглеородни влакна, со сребрени наножици, за да се направи дисплеј кој што е речиси ист како актуелните, но е далеку поотпорен.

Освен тоа, овој материјал бил многу флексибилен, што значи дека на паметниот телефон не би му требало заштитно стакло, затоа што горниот слој на дисплејот ќе биде изработен од материјал кој што се витка и е далеку помалку кршлив од досегашниот.

„Актуелните дисплеи се изработени од индиум калиум оксид. Овој материјал е лесно кршлив и мора да се нанесе на силна, стаклена површина. Тој слој пука доколку го испуштите телефонот на некоја тврда површина или случајно седнете на него. Поради нашиот изум, тврдата стаклена површина нема да биде потребна, затоа што нашиот материјал е флексибилен. Поради тоа, мала е веројатноста дисплејот да пукне ако телефонот ви падне од раце“, изјави Метју Ларџ, главниот истражувач на проектот.

Иако среброто е редок метал, во комбинација со графен, потребна е прилично мала количина за премачкување. Графитот, материјал од кој што е направен графенот, го има во големи количини што значи дека трошоците за изработка на дисплејот се далеку помали.

Сподели.


Коментарите се затворени.