„Падна“ првата клапа на играниот филм „Ефектот на среќа“ на Борјан Зафировски

0

Денеска во Скопје, почна снимањето на македонскиот игран долгометражен филм „Ефектот на среќа“ (The Happiness Effect).

Филмот ја следи приказната на младата Леа, која се бори за своето здравје и преиспитувајќи го својот живот почнува невообичаена потрага по среќата, ефектите од неа врз другите луѓе и можноста од нејзино ширење и мултиплицирање.

„Ефектот на среќа“ е урбана драма, која ја обработува универзалната потрага по среќа и барањето на смислата на животот. Режисер и сценарист е Борјан Зафировски, а соработник на сценариото е Дејан Дуковски.

Во главните улоги се Дејана Поповска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, а во останатите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска.

„Ефектот на среќа“ е во продукција на Ново Македонско Видео, најголемиот дел од буџетот е обезбеден од Агенција за филм на Република Македонија. Копродуценти се Њу Момент, Видео Хаус анимејшн, Национален центар за филм на Република Албанија и Центарот за филм на Косово.

Филмот ќе се снима во следните 30 денови, на локации во Скопје и Охрид.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb