Ѕвездата на Матрикс, Киану Ривс е главен протагонист во научнофантастичниот филм “Replicas”

0

Ѕвездата на Матрикс, Киану Ривс ќе се појави во новиот научнофантастичен, мистериозен и крими филм “Replicas” на режисерот Џефри Нахманоф.

Ривс во филмот го глуми научникот Вил Фостер кој во сообраќајна несреќа ја губи својата фамилија. Тој станува опседнат со изнаоѓање начин како да ги врати во живот со помош на нова технологија на клонирање. Фостер ќе покаже на што сè е спремен за да ја заштити фамилијата па дури и кога треба да се спротивстави на владата, полицијата и законите.

Филмските критичари го опишуваат новото остварување на Нахманоф како мешавина од “Frankenstein” и уште десетина научнофантастични филмови.

Покрај познатиот канадски актер, во “Replicas” ќе се појават и Емили Алин Линд, Алис Ив, Томас Мидлдич, Џон Ортиз, Емџеј Ентони, Амбер Таунсенд, Ниаша Хатенди и многу други.

Филмот се очекува да пристигне во кино салите кон средината на следната година.

Сподели.


Коментарите се затворени.