Телефонот на Порше ќе чини 1,395 евра…

0

Скапите паметни телефони кои што се продаваат под бренд на некој гигант од автомобилската индустрија не се новост – сега свој адут има и германски Порше.

Германската компанина претходно продаваше паметен телефон базиран на Huawei Mate 9 за 1,395 евра, а сега пристигнува и новиот Mate 10, уред кој што претставува комбинација на софистицирана естетика и високи перформанси, баш како што е случај и со автомобилите на Порше.

Куќиштето е изработено од стакло и доаѓа во „ексклузивната“ Diamond црна боја. 3Д закривениот дизајн вклучува и FullView екран кој што речиси и да нема рабови, а исто така е отпорен на гребнатинки.

Mate 10 може да се пофали со 6 GB RAM меморија и 256 GB интерна меморија, самоподесувачки Leica камери од 12 и 20 мегапиксели и „Про“ мод за фотографирање. Исто така, тука е и Easy Talk технологијата која што го зголемува тонот на повиците, а тоа е корисно кога зборувате во бучно опкружување.

Овој телефон исто така може да се пофали и со моќната батерија од 4,000 mAh, а се очекува Porsche Design Huawei Mate 10 да пристигне на пазарот во Европа до крајот на оваа година и да се продава по цена од 1,395 евра.


 

Сподели.


Коментарите се затворени.