Sony конечно го претстави скапоцениот домашен асистент Xperia Hello

0

Компанијата Sony конечно го произведе својот роботски асистент чиј што прототип имавме прилика да го видиме минатата година. Xperia Hello е одличен додаток за секој дом, но уште некое време ќе биде достапен само во Јапонија.

Домашниот асистент на Sony има големи анимирани очи и дисплеј од 4,55-инчи. Долгоочекуваниот уред работи на оперативниот систем Андроид, а може да одговара на гласовни наредби, движења и разни фацијални експресии.

Асистентот исто така може да фотографира, да одговара на Скајп видеоповиците, да го провери времето, состојбата во сообраќајот, да не потсети за нешто или да ги прочита најновите вести кои што ќе ве интересираат.

За разлика од другите домашни асистенти, Xperia Hello за жал има многу повисока цена. Уредот чини речиси 1,300 долари, додека пак паметниот асистент на Amazon – Echo чини стотина долари.

Секако, Xperia Hello може да се поврзува со други домашни апарати, а Sony го замислува својот асистент како „жива вештачка интелигенција“ која што ќе помага на целото домаќинство, ќе им нуди разни корисни информации и ќе ја намали употребата на паметен телефон.

Да потсетиме, домашниот асистент на Sony најпрвин го имаше називот Xperia Agent, а беше претставен минатата година на Саемот за потрошувачка електроника во Берлин. Јапонската компанија во меѓувреме го промени неговото име во Xperia Hello и дури сега го претстави на јавноста.

Сподели.


Коментарите се затворени.