Скопјанец од две аптеки украл над 60 илјади денари

0

СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот И.С. (26),  кој во два наврати годинава со закана со нож од вработени во две аптеки одзел околу 60 илјади денари.

Пријавениот на 6 јуни годинава околу 21:15 часот во аптека на булевар „Борис Трајковски“, со закана со нож, од вработените одзел околу 52.000 денари и побегнал.

На 28 јули, пак, околу 16:40 часот во аптека на ул. „Антон Попов“, со закана со нож, од вработената одзел 15.600 денари и побегнал.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb