Сите проблеми на Google поврзани со нивните нови смартфони

0

На почетокот на месецов, Google претстави купче нови уреди, меѓу кои и два нови мобилни за годинава – Pixel 2 (кој за нив го изработува HTC) и Pixel 2 XL, кој го произведува LG како хардверски партнер со кој Google минатата година потпиша двегодишен договор за производство.

Кон средината на годинава, Google одлучи да инвестира во фабриката на LG за производство на OLED екрани. Баш како и Apple, кој вложи 2,7 милијарди долари за LG да може да ги прошири своите капацитети и да ја намали зависноста на Apple од Samsung, кој држи околу 95% од пазарот.

Сè повеќе откажани нарачки

Меѓутоа, иако LG произведува некои од најдобрите екрански панели за телевизори, се чини дека производството на екрани за мобилни не им оди најдобро. Екранот на Pixel 2 XL има неколку проблеми, меѓу кои искривување на боите, лош контраст и зрнест приказ. Многу корисници изразуваат незадоволство и велат дека проблемите се неопростливи.

Со обзир на цената од речиси 1.000 евра, многу корисници сега тврдат дека или ќе ја почекаат следната производна серија во која можеби ќе се решат овие проблеми или ќе купат друг модел. Google уште не кажува колкав број нарачки се откажани.

Син отсјај

Бидејќи екранот е главен медиум преку кој имаме интеракција со мобилниот, неговите карактеристики се многу важни. Но, повеќето корисници кои имаат Pixel 2 XL се жалат на искривување на боите кога екранот се гледа под одреден агол, поради што се гледа син отсјај. Што е недозволиво кога се работи за мобилен кој чини речиси 1.000 евра.

Слаб контраст на боите

Овој проблем е најочигледен кога Pixel 2 XL се споредува со други телефони, на пример со моделите на Samsung кои не мора да бидат ни најновиот S8. разликите се забележуваат дури и кога се споредува со постари модели како S6.

Зрнест приказ

Корисниците се жалат и на зрнест приказ на боите, искривување на приказот на рабовите на екранот и пренагласено осветлување на рабовите од екранот, како и дека се работи за LCD панел со понизок квалитет. Со намалување на нивото на осветлувањето, сликата на екранот потсетува на ефект кога со дигитален апарат без блиц се фотографира во некое мрачно опкружување.

Проблеми со изработката

Проблемите со екранот можеби ќе се решат со тек на времето и во други производни серии, ама конструкциски тешко дека нешто може да се промени. JerryRigEverything кој е познат по вршење тортура на мобилни за да ја тестира нивната издржливост, пронајде конструкциска грешка кај помалиот Pixel 2. Исто така, сензорот за отисоци на прсти е обложен со мек материјал кој доколку случајно се изгребе, сензорот повеќе не може да препознае отисок од прст.

Уште поголем проблем е што мобилниот може да се искриви со две раце, без премногу напор. Слично би можело да се случи и доколку се носи во џеб при седнување. Од истиот проблем страдаше и iPhone 6, но Apple го среди ова со iPhone 6S, a Google не научи ништо од проблемите на неговиот конкурент.

Зелена линија по средина на екранот

Јутуберот Keли МекВилиамс забележа уште еден малку необичен проблем: при притиснување на екранот понекогаш се појавува зелена линија. Проблемот се случува кога екранот ќе се допре со нормална јачина со притисок на едно место. Уште не е познато дали се работи за хардверска или софтверска грешка.

Чудни звуци

Голем број корисници се жалат на чудни звуци како кликање и тон со висока фрекфенција кога се користи мобилниот. Кога е отклучен, може да се забележи тиво звук на кликање отприлиак секоја секунда, како кај рачен часовник. Проблемот не се јавува кога екранот е исклучен, а звукот е релативно тивок, па може да се чуе само во тивка околина.

За време на повици, константно се слуша тон со висока фрекфенција, кој звучи како интерференција во сигналот.

Сподели.


Коментарите се затворени.