Момче од Кочани загина во сообраќајна несреќа

0

Дваесет и деветгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што се случила доцна синоќа во Кочани.

Според информациите на МВР, утринава во 1 и 45 часот на ул. „Глигор Апостолов Гочо“ во Кочани се случила сообраќајна незгода во која Н.Н. (29) од Кочани, управувајќи автомобил „Форд“ со кочански регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во дрво покрај патот, а потоа во метален сообраќаен знак, по што се превртел.

Возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавна здравствена установа Кочани, каде починал.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb