Неексплодирана граната од Првата светска војна пронајдена во Прилеп

0

Неексплодирана артилериска граната од Првата светска војна била пронајдена вчера во Прилеп.

Според информациите на МВР, вчера М.В. (61) од Прилеп пријавил во полиција дека во населба Три багреми, од товарно возило, сопственост на „Батак Турс“, при истурање земја, била пронајдена една неексплодирана артилериска граната 75мм од Првата светска војна.

Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb