8 причини поради кои мора да ја посетите оваа поразлична медитеранска земја, Израел!

0

Како и славниот Њујорк и Тел Авив носи назив како “градот кој никогаш не спие” благодарејќи на 24 часовните забави. Во центарот се сместени клубови и “фенси” барови, додека во боемскиот кварт Флорентин се наоѓаат работи кои ќе ги воодушеват атернативците.

Кога некој ќе каже одмор на Медитеранот, обично се помислува на Шпанија, Италија, Франција, Грција, но доколку се упатите далеку кон исток, постои една земја која вреди да се посети. Станува збор за Израел, а ова се 8 причини поради кои вашиот одмор таму би поминал одлично.

Неоткриени плажи

Израелското медитеранско крајбрежје се протега на околу 300 километри па туристити можат да одберат било која плажа. На располагање им се плажите во Тел Авив каде секогаш е преполно со луѓе, но и оние кои се надвор од градот каде владее мир и тишина.

Сонце, сонце и само сонце

Во Израел годишно има 300 сончеви денови. Во јули просечната температура изнесува 31 степен, а одлична вест е тоа дека во зима можете да очекувате и 18 степени Целзјусови. Најубавото време за посета е есен кога е топло, а посетите во лето се намалуваат.

Прикладни цени

Доколку на време пребарувате на Интернет можете да наидете на поволни авионски летови за Израел, кои нема да ве чинат повеќе од летовите за останатите медитерански дестинации. Исто така, кога ќе бирате хотел нема да банкротирате, а и низ градот цените не се такви да морате да подигнете кредит.

Магичен ноќен живот

Како и Њујорк така и Тел Авив го носи називот како “градот кој никогаш не спие” благодарејќи на 24 часовната забава. Во центарот се сместени клубовите и “фенси” баровите, додека во боемскиот кварт Флорентин се наоѓаат работи кои ќе ги воодушеват алтернативците. Доколку го посетите Тел Авив, препорачливо е да го посетите Империјал Крафт Коктел Бар кој од неодамна се најде на листата за на 20 најдобри барови низ светот.

Сјајна гастрономска сцена

Иако половина држава е прекриена со песок, Изрел е голем извозник на храна благодарејќи на технологијата, а во рестораните можете да наидете на секакви свежи намирници. Во Тел Авив морате да го посетите ресторанот Норт Абраксас, каде кујната е споена со одделот за гости. Исто така, можете да го посетите и пазарот Левински каде ќе наидете на разни видови зачини и традиционална израелска храна.

Архитектура која ќе ве остави без здив

Тел Авив е дом на многубројни згради кои се направени во стилот на Баухаус. Белиот град, градски кварт е под заштита на УНЕСКО, кој крие повеќе од 4000 вакви градби, а најубавите можете да ги погледнете на улицата Биалик, една од најживописните во градот. Секако, архитектурата во Ерусалим е исто така чудесна, каде има микс од персиски, римски, турски и германски стил.

На секој чекор има музеј

Со повеќе од 230 музеи на релативно мала површина, Израел е одличен избор за оние кои уживаат во културни знаменитости. Дизајн Мусем Холон кој е оддалечен на 15 минути од Тел Авив има фасцинантен изглед.

Богата историја

Доколку го посетувате Израел не смеете да го прескокнете Ерусалим. Градот кој опстојува повеќе од 5000 години е полн со богата историја и знаменитости. Исто така, градот Акра е под заштита на УНЕСКО кој се наоѓа на северниот брег од Медитеранот.

Сподели.


Коментарите се затворени.