Кејн е подготвен да го одбие Реал Мадрид поради една причина

0

Хари Кејн игра во неверојатна форма на стартот на новата натпреварувачка сезона и малку кој верува дека напаѓачот на Тотенхем ќе остане во Северен Лондон наредната година, пред се поради тоа што сериозен интерес за неговите услуги пројавува еден од најголемите клубови во светот, Реал Мадрид.

Кејн веќе индиректно покажа дека имаа симатии кон „кралскиот клуб“ со самото тоа што го посочи Кристијано Роналдо за пример кој го следи во својата кариера, но сега самиот тој нагласи дека е подготвен да одбие една богата понуда од шпанската престолнина од едноставна причина што премногу го сака клубот во кој е израснат.

– Навистина сакам да бидам човек кој имал само еден клуб. Се зависи од тоа како клубот ќе оди во иднина и каква ќе биде менаџерската политика, но веќе имам кажано, јас сакам да останам тука, се наоѓам на одлично место. Тренинг комплексот е фантастичен, новиот стадион допрва ќе дојде, менаџерот е фантастичен и имаме млад тим. Се е совршено, за мене најважно е да победувам, да напредувам и да се обидам да освојам трофеи. Кога ќе заврши мојата кариера, сакам да се свртам назад и да бидам горд на тоа што сум го постигнал, – вели Кејн.

Сподели.


Коментарите се затворени.