„Google“ им нуди по 1.000 долари на хакерите да ја хакираат апликацијата Play Store

0

Компанијата „Google“ им понуди на истражувачите на сигурносни пропусти награда од 1.000 долари ако успешно ја хакираат апликацијата Play Store и притоа ги поправат грешките.

Системот на наградување на хакерите е популарен кај многу компании бидејќи ги мотивира хакерите да ги пронајдат ранливостите на софтверот, а не да ги искористат.

„Google“ го стави фокусот на сигурност на апликациите откако ги пушти во продажба своите нови телефони Pixel 2 и Pixel 2XL. Компанијата претходно беше критикувана поради лошата сигурност на Play Store.

По тестовите кои ги изврши компанијата „Check Point“ објави дека детектирала 50 штетни фајлови во 4,2 милиони апликации кои се симнати пред да бидат избришани. Штетниот софтвер не влијае само на Play Store, туку и на самото работење на Android системите.

„Google“ сега потпиша договор за награди со големата платформа за откривање багови, „HackerOne“. Досега истото го направија и „Tinder“, „Snapchat“ и „Dropbox“. Покрај тоа, „Google“ има и проект за за награди за хакерите доколку тие ги откријат грешките во Chrome, и за тоа ќе добијат 100.000 долари.

Сподели.


Коментарите се затворени.