Нов Зеланд ја доби најмладата жена премиер

0

Jасинда Ардерн е идниот премиер на Нов Зеланд кога помала политичка партија одлучи да коалира со лабуристите по изборите одржани пред речиси еден месец, објави Би-би-си.

На 37 години таа е најмладиот премиер на земјата во повеќе од 150 години. Ардерн е лидер на опозицијата во последните три месеци.

Претседателот на антиимигрантската и десничарска партија Нов Зеланд на прво место, Винстон Питерс, соопшти дека неговата партија одлучила да влезе во коалиција со Лабуристичката партија на Ардерн. Либералната зелена партија ќе ја поддржи коалицијата, но нема да биде дел од владата.

Новозеланѓаните чекаат уште од 23 септември, кога се одржаа изборите, да дознаат кој ќе управува со земјата.

Австралискиот премиер Малком Трнбол соопшти дека веќе ѝ честитал на Ардерн и изрази надеж дека набргу ќе имаат средба.

Сподели.


Коментарите се затворени.