Повеќе од таблет: HP го претстави моќниот ZBook x2

0

Доколку сте графички дизајнер или пак едноставно ви е потребен моќен и практичен уред од некоја друга причина, тогаш HP ви нуди одлично решение.

Станува збор за таблетот ZBook x2 кој што нуди спецификации практично како и секој „нормален“ компјутер. Располага со i7 процесор со четири јадра, Nvidia Quadro M620 графичка карта, 32 GB RAM меморија и 2 TB SSD меморија.

Тоа што посебно го привлекува вниманието кај овој таблет на HP е 14-инчниот екран чувствителен на допир кој што доаѓа во комбинација со тастатура која што може да се одвои од уредот.

Таблетот на HP поддржува и пенкало со 4,096 нивоа на чувствителност на пристисок и поседува интегрирана GPU единица, додека пак Nvidia графичката карта е вградена во тастатурата и се вклучува со спојувањето на таблетот со тастатурата.

ZBook x2 има посебен држач, потоа „паметен“ читач на картички, слот за SD картичка, HDMI порт, USB 3.0 порт и два USB-C портови со Thunderbolt поддршка, што е доволно за два 4К монитори. Исто така е вградена и веб камера со 720p резолуција, а тастатурата има и позадинско осветлување.

Цената на таблетот ќе стартува од 1,749 долари, а ZBook x2 ќе се најде во продажба веќе од декември.

Сподели.


Коментарите се затворени.