Мајкл Б. Џордан е “главниот непријател” во долгонајавуваниот филм “Black Panther”

0

“Marvel Studios” официјално го претстави вториот трејлер за американскиот филм “Black Panther” кој ја носи приказната за стрип јунакот на Марвел – Т’Чала. Во филмот го глуми Чедвик Босман.

По смртта на неговиот татко, суперхеројот се враќа дома кај футуристичката нација Ваканда да го бара престолот, но стариот противник (Мајкл Б. Џордан) му создава проблеми, покренувајќи низа напади во мистичното кралство и на Земјата.

Покрај нив, во филмот се појавуваат и Лупита Нјонго, Данај Гурира, Мартин Фримен, Винстон Дјук, Анџела Басет, Форест Витакер, Енди Серкис и други.

“Black Panther” премиерно ќе биде прикажан на 16-ти февруари 2018 година.

Сподели.


Коментарите се затворени.