Бокс-офис: „Blade Runner 2049“ експресно се симна од врвот

0

Научно-фантастичниот филм „Blade Runner 2049“ продолжи да разочарува на светскиот бокс-офис, препуштајќи го првото место уште во втората недела на прикажување. На првото место се искачи новиот хорор „Happy Death Day“.

Филмското студио „Warner Bros“ нема да биде среќно по резултатите од овонеделниот бокс-офис, бидејќи „Blade Runner 2049“ уште еднаш потфрли, заработувајќи многу помалку од планираното.

Нов лидер на светскиот бокс-офис е хорор филмот „Happy Death Day“ на нискобуџетното студио „Blumhouse“.

Одлично дебитираше и новиот филм на Џеки Чен, „The Foreigner“, кој заработи скоро 13 милиони долари во првиот викенд од прикажување.

Ова е целосната листа на најгледани филмови за минатата недела:

  1. Happy Death Day – 26,5 милиони долари
  2. Blade Runner 2049 – 15,1 милиони
  3. The Foreigner – 12,8 милиони
  4. It – 6 милиони
  5. The Mountain Between Us – 5,6 милиони
  6. American Made – 5,4 милиони
  7. Kingsman: The Golden Circle – 5,3 милиони
  8. The LEGO Ninjago Movie – 4,3 милиони
  9. My Little Pony: The Movie – 4 милиони
  10. Victoria and Abdul – 3,1 милиони
Сподели.


Коментарите се затворени.