Game Boy ќе направи кам-бек?

0

Популарниот Game Boy на компанијата Nintendo би можел да биде еден од оние класични гејминг конзоли кои што ќе направат голем кам-бек.

Шпекулациите за враќањето на Game Boy се појавија кога од компанијата Nintendo на 15-ти септември оваа година, објавија низа на содржини за кои што фанови сметаат дека укажува на враќање на популарната гејминг конзола.

Покрај објавената содржина, стоеше и фотографија на игра за Game Boy, по што фановите беа сигурни дека Nintendo се подготвува за враќање на познатата конзола на сцената.

Сето ова можеби и ќе беше само една нова, обична гласина, доколку не се приближува 30-годишнината на Game Boy, па многумина сметаат дека е логично Nintendo да работи на повторно оживување на конзолата која што ја зголеми популарноста на оваа компанија.

Game Boy беше претставен во Јапонија и Северна Америка во 1989-та година, а една година подоцна и во Европа.

Сподели.


Коментарите се затворени.