Од 108 на 58 килограми: Три правила за слабеење

0

Поучена од нејзиното лично искуство со слабеење, Грејси Борст која успеа да ослаби 50 килограми, ги сподели трите правила што смета дека се клучни за слабеење.

Грејси отсекогаш имала проблем со вишок килограми. Во средно училиште користела лаксативи за да слабее, а често земала и диететски пилули и прескокнувала оброци.

Пред три години Грејси била во најлоша форма и тежела 108 килограми. Тогаш сфатила дека е крајно време да го реши овој проблем пред да стане ситуацијата полоша.

Прво почнала со регулирање на исхраната. Ги исфрлила газираните пијалаци и брзата храна од менито. Купила лента за трчање и на почеток секој ден вежбала брзо одење по 30  минути. По неколку месеци ја големила брзината и интензитетот на вежбањето и успеала да намали 22 килограми.

После тоа Грејси добила уште поголема желба да ја „среди“ линијата и тогаш побарала помош од личен тренер. Со правилни вежби и исхрана богата со зеленчук и протеини, Грејси ослабела дури 50 килограми.

Откако го постигнала овој успех, Грејси решила да почне да пишува блог преку кој ќе ги мотивира и советува другите како да го следат нејзиниот пример.

Нејзиниот златен совет за сите кои се борат со вишокот килограми е да не се брзаат.

„Одвојте време, за почеток наједноставно е да почнете со прошетки“, вели Грејси која денеска има повеќе од половина следбеници на Instagram кои ја сметаат за инспирација.

На нејзиниот блог таа ги сподели трите најважни правила за процесот на слабеење:

  1. Останете позитивни

Можеби ви звучи како глупав совет, но имаше моменти кога ќе пропуштев тренинг или ќе се „почестев“ со некоја недозволена храна. Мора да го прифатите тоа и да продолжите напред. Секогаш си повторувам: Можеш да го направиш ова!

  1. Промената се случува секој ден

Мојата постепена трансформација на начинот на живот ми помогна да уживам во тоа. Знаев дека ако од јадење брза храна веднаш се префрлам на строга диета, за кратко ќе се откажам од целта. Научив да бидам трпелива.

  1. Направете план

Ако имам некоја обврска после работа, знам дека мора да станам сабајлето порано и да извежбам, што значи дека вечерва треба порано да си легнам. Секогаш си ги планирам деновите и не пропуштав тренини, дури и кога имав многу обврски.

Сподели.


Коментарите се затворени.