СВЕТ Летаат столици во Барселона, нов судир на демонстрантите

0

Во центарот на Барселона се судрија две помали групи демонстранти додека во градот се одвивал протест на илјада поборници за заедништво на Каталонија и Шпанија.

Новинската агенција „Associated Press“ објави дека демонстрантите од двете страни фрлале со столици едни на други додека не ги раздвоила локалната полиција.

Не е познато што го поттикнало ова насилство, ниту колку точно луѓе учествувале во инцидентот.

Агенцијата нагласува дека на видеоснимките од инцидентот се гледа дека летаат столици и од двете страни, додека припадници на градската и националната полиција оттурнуваат неколку десетици демонстранти од двете страни.

Во близина на инцидентот во тек бил протест на организациите за цивилно општество кои се против сепаратистичките планови на Каталонија, но демонстрациите не биле прекинати.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb