Врвни фудбалери кои ќе го следат Светското првенство преку малите екрани

0

Квалификациите за Светското првенство во Русија во 2018 година се речиси готови, а преку нив не успеаја да поминат неколку фантастични фудбалери.

Најголемо изненадување е неуспехот на двојниот шампион две години по ред на Копа Америка, Чиле, а во Русија следното лето нема да се најдат ниту играчите на Холандија, Босна и Херцеговина, Чешка, Велс, Црна Гора, Турција.

Поради тоа Мундијалот ќе го пропуштат неколку големи ѕвезди кои секако дека следното Светско првенство би го направиле уште поспектакуларно.

Најголемите ѕвезди кои ќе го пропуштат Светското првенство се: Јан Облак, Давид Алаба, Вирџил Ван Дајк, Артуро Видал, Миралем Пјаниќ, Хенрих Михтарјан, Ријад Марез, Ариен Робен, Стеван Јоветиќ, Алексис Санчез, Пјер Емерик Аубамејанг, Един Џеко и Герет Бејл.

Не треба да ги заборавиме ниту Хакан Чалханоглу, Вајналдум, Антонио Валенсија, Гери Медел, Кристијан Пулишиќ, Андре Јармоленко, Наби Кеита, Марко Арнаутивиќ и уште неколку врвни фудбалери.

Сподели.


Коментарите се затворени.