Астероид со големина на куќа прелетал покрај Земјата

0

Астероид со големина на куќа поминал покрај Земјата на оддалеченост од 42,000 километри, односно над комуникациските сателити.

Нешто порано беше соопштено дека нема опасност од удар, па ова поминување ќе биде тестирање за системот за предупредување од астероиди.

Научниците истакнале дека астероидот поминал покрај земјата претпладне, односно дека го надлетал небото над Антарктикот.

Иако тоа звучи далеку, за планетарни услови тоа е кратка оддалеченост и отприлика е еднаква на осмина од оддалеченоста на Земјата и Месечината.

„Многу е блиску. Најоддалечените сателити се наоѓаат на оддалеченост од 36,000 километри, тоа навистина беше густо“, изјави Ролф Денсинг од Европскиот вселенски центар.

Астероидот наречен 2012 TC4 прв пат бил забележан пред пет години. Според проценките, неговата величина изнесува меѓу 15 и 30 метри.

Иако е релативно мал, астероидите од оваа величина се сметаат за опасни во случај на удир.

Сподели.


Коментарите се затворени.