Страшни глетки од Калифорнија: Огнот голта сè пред себе! Најмалку 10 мртви

0

Најмалку 10 лица настрадале во шумските пожари кои брзо се шират во виноградскиот дел на сојузната американската држава Калифорнија, а стотина куќи биле уништени, соопштиле службениците.

Најмалку 100 лица биле повредени во шумските пожари кои дивеат во Северна Калифорнија.

Повеќе до 10 пожари поради силните ветрови се ширеле низ виноградските делови на американската држава Калифорнија.

Таму биле уништени повеќе од 1.500 куќи и деловни простории, а околу 20.000 луѓе морале да бегаат од чадот и пламенот.

Шефот на пожарникарите во Калифорнија рекол дека горат пожари во седум окрузи, вклучувајќи ги Напа, Сонома и Џуба.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласил вонредна состојба во тие три окрузи.

Едно лице загинало во пожарот нешто посеверно, во округот Мендосито.

Многу луѓе биле повредени и некои се водат како исчезнати, иако засега нема точни проценки, рекол директорот на Калифорниското одделение за шуми и заштита од пожари, Кен Пилмот.

Наредена била и задолжителна евакуација на жителите, а се направиле и големи колони на бензинските станици.

Агенцијата за борба против пожари, “Cal Fire”, преку Твитер навела дека 8.000 домови биле загрозени во округот Невада, кој се наоѓа на западната страна на Сиера Невада.

Шефот на пожарникарите во округот Напа Бери рекол дека нема извештаи за повредени или загинати, иако во пожарот изгореле повеќе од 176 квадратни километри.

Силен мирис на чад се чувствува и во Сан Франциско, на 96 километри јужно од Сонома

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb