Музика и технологија: Снимен е цел албум со помош на два роботи

0

Најџел Стенфорд е музичар од Нов Зеланд кој што креира звучни ефекти со помош на технологијата, па така неговиот албум наречен “Automatica” е снимен со помош на два роботи.

За снимањето, односно свирењето на секој инструмент, Стенфорд ги програмирал роботите за да му помогнат.

Стенфорд ја добил оваа идеја откако отсвирил неколку ноти на бас и клавијатура, па таа мелодија ја испратил во компјутерските системи на роботите, по што бил развиен алгоритам и техника за свирење на сите инструменти.

„Роботите се одлични. Беше интересно да се работи со нив. Мојот најомилен е роботот тапанар. Имам уште многу работа за еден ден да можам со роботите да свирам во живо“, изјави Стенфорд.

Сподели.


Коментарите се затворени.