Првиот хибридно-електричен авион ќе полета во 2022 година

0

Компанијата Zunum Aero која што развива програма за хибридно-електрична авијација поддржана од Boeing и JetBlue, постави рок за испорака на своите први авиони, а тоа е 2022-ра година.

Zunum Aero се фокусира на хибридно-електричните авиони со цел да ги скрати долгите летови и да ја намали цената на авионските билети. Претставен е и првиот дизајн на авион со 12 седишта што е првата голема најава откако оваа компанија во април ги најави големите планови со кои што планира да направи револуција во авио индустријата.

Малите и штедливи авиони би можеле да го олеснат регионалниот сообраќај затоа што би можеле да се користат и на помали аеродроми, а не само на големите каде што има голем метеж.

Авионот на Zunum Aero би можел да има домет од 1,127 километри и да лета со максимална брзина од 547 километри на час. Емисијата на штетни гасови и бучава би била намалена за 80% во однос на конвенционалните авиони.

Батериите ќе бидат сместени во крилата на авионот, а од компанијата се надеваат дека еден ден ќе можат да произведат целосно електричен погон.

Првите пробни летови се планираат за 2019-та година, а Zunum Aero ќе отвори уште еден центар за развој во Чикаго за да бидат проширени и забрзани активностите околу производството на авионите.

Компанијата Wright Electric од американската сојузна држава Масачусетс се здружи со EasyJet и сега развиваат целосно електричен патнички авион. Целта е електричниот авион да полета во следните десет години. Покрај овие компании и НАСА планира да започне со развој на евтини, суперсонични летови.

Сподели.


Коментарите се затворени.