110.000 посетители викендов во „Скопје Сити мол“

0

Полни ходници со посетители и голем метеж низ продавниците можеше да се види викендов во „Скопје Сити мол“, кој го прослави својот петти роденден со многу настани и активности, музички концерти, натпревари и тридневен шопинг фестивал со големи попусти.

Во саботата во „Скопје Сити мол“ влегле над 47.000 посетители, а за време на целиот настан во трговскиот центар имало рекордни 110.000 посетители.

Она коешто со посебен интерес ја привлече јавноста беше ретро-забавата „Хит за 5“ од 90-тите години. Во саботната вечер пред платото на „Скопје Сити мол“ одекнуваа најголемите ретро-хитови на Дарио, Угро, Пере Нокаут, Искра Трпева, Тамара, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Гиш, Фиц Студени нозе, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Пис Брадерс, како и многу други. На крајот на вечерта настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, диџеј Џејмс Забиела.

Љубителите на шопингот ги искористија големите попусти и купуваа во продавниците на своите омилени брендови во „Скопје Сити мол“. Роденденскиот „Лејт нај шопинг“ започна во саботата од 18:00 часот и траеше до полноќ. Беше спроведена и „Модна потрага” каде што актерите Тино и Атанас ловеа посетители кои го прифатија стилскиот предизвик, а беа оценувани од стручното жири составено од Александар Билјановски Дадар, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Андреј Папаз, Елена Стефановска и Марија Илиќ. Неделното попладне беше резервирано за најмалите посетители кои уживаа во настапот на омилениот Петко и бендот 5+.

Ви доловуваме дел од атмосферата викендов од нашиот најголем трговски центар, „Скопје Сити мол“.

Сподели.


Коментарите се затворени.