Објавени сите 30 фудбалери номинирани за освојување на „Златна топка“ 9. ОКТОМВРИ 2017 – 20:26 | МАКФАКС

0

Со додавањето на првиот фаворит за освојување на неговата петта „Златна топка“, Кристијано Роналдо, се комплетираа сите 30 номинирани од страна на „Франс фудбал“ за елитната награда за најдобриот фудбалер во минатата сезона.

Кристијано Роналдо имаше фантастична сезона со Реал Мадрид бранејќи ја титулата од Лигата на шампиони откако имаше прекрасна 2016 во која покрај ЛШ, во својата колекција додаде и европска титула со Португалија.

Во изборот на „Франс фудбал“ учествуваат новинари од целиот свет, а за наградата на ФИФА гласаат капитените и селекторите на сите репрезентации кои се членки на светската куќа на фудбалот.

НОМИНАЦИИ ЗА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“:

Филип Кутињо (Бразил, Ливерпул)

Џанлуиџи Буфон (Италија, Јувентус)

Кевин де Брујн (Белгија, Манчестер сити)

Давид де Хеа (Шпанија, Манчестер јунајтед)

Пауло Дибала (Аргентина, Јувентус)

Един Џеко (Босна и Херцеговина, Рома)

Радамел Фалкао (Колумбија, Монако)

Антоан Гризман (Франција, Атлетико Мадрид)

Хери Кејн (Англија, Тотенхем)

Нголо Канте (Франција, Челси)

Тони Крос (Германија, Реал Мадрид)

Роберт Левандовски (Полска, Баерн Минхен)

Садио Мане (Сенегал, Ливерпул)

Марсело (Бразил, Реал Мадрид)

Дрис Мертенс (Белгија, Наполи)

Лука Модриќ (Хрватска, Реал Мадрид)

Нејмар (Бразил, Пари Сен-Жермен)

Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид)

Серхио Рамос (Шпанија, Реал Мадрид)

Луис Суарез (Уругвај, Барселона)

Лионел Меси (Аргентина, Барселона)

Пјер-Емерик Обамејанг (Гана, Борусија Дортмунд)

Карим Бензема (Франција, Реал Мадрид)

Единсон Кавани (Уругвај, Пари Сен Жермен)

Матс Хумелс (Германија, Баерн Минхен)

Иско (Шпанија, Реал Мадрид)

Килијан Мбапе (Франција, Пари Сен Жермен)

Еден Азар (Белгија, Челси)

Кристијано Роналдо (Португалија, Реал Мадрид)

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb