Новата опција ги разбесни корисниците на Инстаграм

0

Популарната платформа за размена на фотографии – Инстаграм, додаде опција за анкети во рамки на InstaStory.

Оваа опција им овозможува на корисниците да постават прашање, да ги поканат своите следбеници да гласаат за некоја од понудените опции и да ги видат резултатите во реално време.

Меѓутоа, многу корисници се нашле “во небрано” кога сфатиле дека нивните гласови не се анонимни.

Инстаграм ја најави новата опција во својот блог пост, во кој јасно се наведува дека корисниците ќе можат да видат кој гласал и за која опција.

“Со цел да ги видите резултатите од анкетата, отворете го списокот на оние кои гласале. Тука ќе видите сè што е потребно за да го добиете најдобриот одговор на своето прашање. Не само што ќе можете да видите колку гласови добила секоја понудена опција во анкетата, туку ќе можете да видите кој сè гласал и која опција ја одбрал”, се наведува во објавата.

“На тој начин ќе можете да ги споредите своите гласови со гласовите на своите следбеници и пријатели. Токму како и опцијата Story, вашата анкета и нејзините резултати ќе исчезнат по 24 часа”, додаваат од Инстаграм.

За жал, се чини дека голем број на корисници не го виделе постот, пренесува “Independent”.

Сподели.


Коментарите се затворени.