Најмоќните слушалки некогаш: Преведуваат 40 јазици во секунда, а со нив добивате и виртуелен асистент

0

Компанијата Google, покрај претставувањето на Pixel телефоните, на неодамнешното случување претставила и паметни слушалки наречени Google Pixel Buds.

Со цел да ја загрози доминацијата на Apple на пазарот на паметни слушалки, Google својот нов геџет го опремил со технологија за преведување на дури 40 различни јазици во реално време.

Слушалките Pixel Buds можат да работат пет часа од едно полнење, а бидејќи доаѓаат со посебна кутија за полнење, времето на работа може да се зголеми за нешто помалку од 24 часа.

Pixel Buds ќе бидат достапни во три необично наречени бои – некако сина, само црна и очигледно бела, а истите изнесуваат 159 долари. Слушалките можат да се нарачаат, а сите оние кои ќе ги купат сега, ќе ги добијат во ноември.

Можноста за преведување во реално време звучи навистина импресивно, меѓутоа се поставува прашањето како таа можност ќе функционира на бучните улици.

Погледнете го видеото:

Сподели.


Коментарите се затворени.