Србинка со куршуми во торбата уапсена на скопскиот аеродром

0

Српска државјанка вчера била приведена на скопскиот аеродром откако во нејзиниот рачен багаж биле пронајдени куршуми.

 

Според информациите на МВР, вчера во 12 часот на аеродромот „Александар Велики“, на летот за Базел се пријавила С.М. (26) од Република Србија, со бугарска лична карта.

При извршена пасошка контрола од страна на аеродромската служба, во рачниот багаж на девојката биле пронајдени две парчиња муниција со калибар 7,62 мм. Таа изјавила дека не знаела за куршумите и дека некој намерно ѝ ги ставил во торбата.

Куршумите биле одземени, а на Србинката не ѝ бил дозволен излез од земјата.

Сподели.


Коментарите се затворени.