Ново откритие менува сѐ што знаеме за човечката еволуција

0

Проучувањето на ДНК примероците на африканските фосили на предците на современиот човек покажаа дека нашиот вид е многу постар отколку што се мислеше досега.

Истражувањето дојде до заклучоци дека Хомо сапиенсот се појавил пред најмалку 260.000 или 350.000 години, а доказ за тоа научниците добиле уште во јуни кога во Мароко беше пронајден фосил стар 300.000 години.

Прет тоа, најстар беше фосилот од Етиопија кој беше стар нешто помалку од 200.000 години.

Овојпат научниците ги испитуваа ДНК примероците на фосили од Јужноафриканска Република што припаѓале на тројца ловци-собирачи од каменото доба. Истражувачите потоа ги споредиле со генетскиот материјал од други древни луѓе, како и разни современи луѓе.

Матијас Јакобсон од шведскиот Универзитет во Упсала, со неговиот тим процениле дека првото одвојување на Хомо сапиенсот од другите човекови видови се случило пред 260.000 и 350.000 години. Нивните сознанија ги објавиле во списанието „Science“.

Сподели.


Коментарите се затворени.