Ги носело цунами: 300 видови морски животни преминале од Јапонија во САД на ѓубре

0

Речиси 300 видови на риби, школки и други морски суштества го минале Тихиот океан и живи пристигнале од брегот на Јапонија до САД, носени на ѓубре кое настанало во текот на цунамито во 2011. година, соопштиле истражувачите.

Научниците ги “пречешлале” плажите на американските сојузни држави Вашингтон, Орегон, Калифорнија, Алјаска и Хаваи и пронашле животни со потекло од Јапонија. Тие наведуваат дека тоа е можеби најдолгата миграција некогаш забележана.

Главниот автор на истражувањето, Џејмс Карлтон од Колеџот Вилијамс, рекол дека би можело да претставува проблем ако новодојденците се вкоренат во новата средина и ги истуркаат веќе постоечките видови, што го нарекол “еколошки рулет”.

Истражувачите откриле 289 различни јапонски видови кои преживеале повеќе од 7.700 километри преку Пацификот.

Истражувањето било објавено во денешниот број на списанието “Science”.

Сподели.


Коментарите се затворени.