Генијалниот Цукерберг: Уште една негова социјална мрежа се приближува кон бројката од една милијарда активни корисници

0

Бројот на активни месечни корисници на Инстаграм порасна на 800 милиони, додека бројот на активни дневни корисници се искачи на 500 милиони.

Уште една социјална мрежа која што е во сопственост на Фејсбук, односно на Марк Цукерберг се искачува кон бројката една милијарда корисници.

Од Инстаграм објавија дека бројот на активни месечни корисници на Инстаграм порасна на 800 милиони, додека бројот на активни дневни корисници се искачи на 500 милиони што значи дека за помалку од 10 месеци, Инстаграм добил 200 милиони месечни активни корисници повеќе.

Доколку овој раст продолжи понатаму, веќе на почетокот од идната година Инстаграм може да ја „заокружи“ бројката од една милијарда активни корисници – бројка која што звучи неверојатно, посебно затоа што Инстаграм беше популарна апликација пред да биде купена од Марк Цукерберг, но ниту приближно толку колку што е денес.

Покрај со растот на бројот на корисници, од Инстаграм се пофалија и со раст на бројот на огласувачи – додека пред само шест месеци на оваа мрежа биле присутни еден милион огласувачи, сега таа бројка порасна на два милиони огласувачи кои што опфаќаат и средни и мали компании.

Од останатите интересни информации поврзани со Инстаграм е тоа дека и видео записите стануваат популарни на оваа социјална мрежа – како што соопштија од Инстаграм, времето кое што корисниците го минуваат гледајќи видео записи на Инстаграм е зголемено за 80% во однос на една година претходно, а се објавуваат и четири пати повеќе видео записи во однос на минатата година.

Сподели.


Коментарите се затворени.