Автомобил излета од патот Штип – Делчево, возачот загинал

0

Педесет и едногодишен жител на село Облешево загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Штип-Делчево.

Според информациите на МВР,  вчера во 10:45 часот на магистралниот пат Штип-Делчево, атар на село Истибања, се случила сообраќајна незгода во која теренско возило „Махиндра-Болеро“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б. (51) од село Облешево, општина Облешево-Чешиново, излетало од патот.

Во несреќата возачот починал на самото место.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Виница.

Сподели.


Коментарите се затворени.

Feedback

FLYERb