Кои тајни ги крие осмиот континент на Земјата?

0

Научна експидиција, која траеше два месеци, ги откри тајните на новиот, осми континент на Земјата. Скриениот континент Зеландија кој се ноаѓа во Јужен Пацифик.

Зеландија, чија површина изнесува околу пет милиони квадратни километри, за посебен континет беше прогласена кон почетокот на оваа година, откако научниците откриле дека ги поседува потребните критериуми.

Станува збор за специфична геологија, надморска височина над околината и кората која е подебела од обичното морско дно.

Некогаш беше дел од древниот суперконтинент Гондван, кој се распаднал пред околу 180 милиони години, а се верува дека Зеландија се одвоила од Австралија и Антартикот околу 100 милиони години подоцна.

Двомесечната научна експедиција сега ја открила 70 милиони години старата тајна Зеландија, скриениот континент во Јужен Пацифик.

Со повеќе од 90 отсто територија под површината на водата, континентот ги опфаќа островот Лорд Хау на источниот брег на Австралија, француската територија Нова Каледонија и Нов Зеланд.

Експедицијата пружила увид и во геолошките промени на Земјата, вклучувајќи и промени во движењето на тектонските плочи на Земјата, промени во циркулацијата на океаните и глобалната клима.

Сподели.


Коментарите се затворени.