Од сега па натаму, со помош на Google Earth на луѓето ќе може да им “ѕирнете” и во домовите?!

0

Google Earth лансираше нова опција – This is Home – со чијашто помош ќе може да “ѕирнете” токму во домовите на луѓето ширум целата планета. На прв поглед звучи морничаво, зарем не?

И пред да започнете помалку возбудено да го барате домот на вашата симпатија, “непријателот” од работното место или домот на некои од оние коишто се фалат дека поседуваат буквално секакви “чудесии”, или пак можеби токму вашиот дом, знајте дека сепак не можете да “ѕирнете” буквално во сечиј дом.

Всушност, со оваа опција засега може да “ѕирнете” во внатрешноста на 30-на куќи ширум светот коишто би требало да ви доловат како живеат луѓето во различните земји на нашата планета.

Засега This is Home ви овозможува да ѕирнете во две куќи на африкански семејства, да погледнете како изгледа еден просечен дом на Гренланд или во Грција, и да влезете во еден типичен дом во Непал и Индија.

Опцијата This is Home може да ја испробате со помош на прелистувачот Google Chrome.

Сподели.


Коментарите се затворени.