Фејсбук тестира Snooze копче наменето за досадните пријатели

0

Доколку имате пријатели кои што на пример се на одмор, па објавуваат секојдневно по неколку фотографии, социјалната мрежа Фејсбук наскоро би можела да ви понуди решение.

Имено, Фејсбук ја тестира опцијата Snooze која на корисниците на најголемата социјална мрежа на светот ќе им овозможи барем привремено да престанат да следат одредени личности, страници или групи, односно нивните објави да не се појавуваат во News Feed. Snooze ќе нуди опции за прекинување на објавите во рок од 24 часа, седум или 30 дена.

На многумина корисници оваа опција ќе им биде и тоа како корисна, посебно ако имаат пријатели кои што во одреден период ќе бидат досадни со одредени објави.

Snooze моментално е на располагање само на мал дел од корисниците, а опцијата може да се најде веднаш кај опцијата за Unfollow.

Фејсбук на овој начин подготвува нова опција за избегнување на „досадните пријатели“. Слична опција наречена “See fewer posts like this” (гледај помалку вакви постови) е слична, но сепак не е јасно до која мера се отстрануваат некои поединци или групи од вашиот News Feed.

Snooze од друга страна е прилично конкретна опција која нуди продолжување на нормалното следење на вашиот пријател после одреден период. Се надеваме дека Фејсбук ќе ја воведе оваа опција во Македонија пред да бидат одржани локалните избори идниот месец.

Сподели.


Коментарите се затворени.