Започна Штипска Пастрмалијада 2017 (Фото)

0

Традиционално веќе единиаесет години се одржува една од позначајните манифестации во Македонија, Штипска Пастрмалијада, и оваа година Манифестацијата се отвори со сечењето на џиновската Пастрмалија која оваа година беше долга 2, 5 метри, а широка 70 сантиметри, честа нормално прв да ја пресече и вкуси му припадна на градоначалникот на град Штип прим., м-р. Илчо Захариев.

21761638_1539054419487527_8333930631529642727_n

Годинава се очекува Пастрмалијадата да ја посетат преку 150 илјади посетители од Македонија, Србија и Бугарија. Главни ѕвезди оваа година кои ќе настапат се Сузана Спасовска, Галија и Кики Мора кои настапија на првиот ден од Пастрамалијадата, вториот ден настапуваат Дивље Јагоде и Лепа Брена и третиот ден Тања Савиќ и Јелена Розга.

Ни останува само да ве поканиме во Штип деновиве да дојдете и да уживате во вкусните Пастрмалии и одличната атмосфера.21742849_895865343901287_4826141694243191288_n 21743211_1539054369487532_9204367905934263563_n 21751848_895907610563727_2576784745382441137_n 21728293_895907637230391_7443245512114571528_n 21728115_895865427234612_790320616804326282_n 21728027_895865410567947_4975674107901623803_n 21730909_895806280573860_3752395560678502306_n 21730825_1539054482820854_5491633739237385089_n

фото: Општина Штип

Сподели.


Коментарите се затворени.