Два тајфуни се приближуваат кон Кина, евакуирани 200 000 луѓе

0

Повеќе од 200 000 луѓе се евакуирани од покраините Фуџијан и Жеџијанг поради надоаѓањето на тајфунот Талим на кинескиот југоисточен брег.

Од метеоролошкиот завод во Фуџијан предупредуваат дека Талим би можел да се засили и да се претвори во супер-тајфун со ветрови со јачина од 180 до 200 километри на час во наредните два дена.

Од кинеската национална метеоролошка опсерваторија во среда изјавија дека тајфунот Талим би можел или да тргне северозападно и да удри во копното во Жеџијанг помеѓу четврток навечер и петок наутро, или да тргне северно кон водите покрај Жеџијанг, па потоа да продолжи североисточно.

Во Фуџијан повеќе од 120 000 луѓе се евакуирани, 20 000 рибарски бродови се закотвени, а скоро 2 000 туристички локации и градилишта се затворени.

Во Жеџијанг се евакуирани повеќе од 9 000 луѓе, а преку 4 700 рибарски бродови се закотвени.

Во меѓувреме, се предвидува дека тајфунот Доксури или ќе помине покрај брегот на јужниот кинески остров и покраина Хајнан, или ќе го погоди копното на брежните подрачја на таа покраина во четврток навечер или петок наутро.

Сподели.


Коментарите се затворени.