Двајца загинати при уривање на мал авион на имотот на кралицата Елизабета

0

Во соопштението на локалната полиција се вели дека во несреќата загинал пилотот, маж на 50-годишна возраст и неговата 70-годишна сопатничка.

Засега не се знаат причината што го предизвикало падот на малиот авион од типот „Пајпер- ПА28“ особено што условите за летање во тие моменти биле сосема поволни, било сончево, со голема видливост и без ветер.

Авионот се урнал до едно село во Норфолк, кое е популарна туристичка дестинација, поради близината на морскиот брег, но локалните власти соопштиле дека падот на авионот не предизвикал никакви други последици.
av avi

Сандрингам каде се наоѓа еден од имотите на кралицата, е омилено место на одмор за целото британско кралско семејство, кое честопати таму навраќа, особено за празниците кога сите се собираат на заеднички одмор.

 

Превземено од www.24vesti.mk

Сподели.


Коментарите се затворени.