Штипско семејство заглавено на Карибите. „Ирма“ ги остави на улица без храна и вода

0

Штипското семејство Шутеви заглавено на Карибите. Ураганот  „Ирма“ ги остави на улица без храна и вода.

Веќе втор ден, две сестри близначки, сопругот и едногодишното синче на едната од нив, како и нивните родители, дојдени на гости, се дел од неколкуте илјади жители на Карибите кои останаа без ништо свое:

  • Се се разрушило и сега таму братуќед ми е со ќерка му, ама се им е разрушено, вели Димитар Шутев, роднина.

Вистинска среќа и олеснување за нивните најблиски овде е што тие се барем живи:

  • Они биле живи и здрави, тоа е најважно, биле згрижени, да се живи и здрави, тоа е најважно, вели Ангел Шутев, роднина.

Ирма зад себе остави пустош од огромни размери, па очекувано, помошта од властите не може да стигне еднакво до сите. Особено тешко е за едногодишниот Кико Шутев кој тешко се прилагодува на нповонастанатата состојба.

Ова ги мобилизираше блиските на Шутеви во оби некако да им помогнат на своите во туѓина:

  • Сите прашуваат што може да се помогне, ние сме тука и ќе гледаме се што треба за да се помогне, вели Димитар Шутев, роднина.

Засега нема податоци за други штипјани настардани во ураганот. Доколку ги има, тие и Шутеви, может да побарата помош и од македонското Министерство за надворешни работи.

0012023907418 и  0012026670501 се телефонските броеви за помош.

Инаку, ураганот  „Ирма“, една од најсилните тропски бури во изминатите декади, со брзина до 290 километри на час. Тој досега однесе најмалку 14 човечки животи и илјадници луѓе остави без покрив над глава и елементарни услови за живот.

star

Сподели.


Коментарите се затворени.