Која е позата во која најчесто спиете – откријте како тоа влије врз вашето здравје

0

За добриот сон и тоа како ќе се будиме наутро, позицијата на спиење е од клучно значење, бидејќи секоја поза влијае на одреден начин на нашето здравје. Во следните редови ќе видите некои добрите и лошите страни на едни од најчестите пози за спиење.

На грб со рацете испружени до телото

Спиењето на грб со рацете надолу се смета за една од најдобрите позиции за спиење. Ако страдате од болки во грбот или вратот, по можност практикувајте ја оваа поза за спиење и се разбира изберете соодветна перница.

Иако наутро ќе се разбудите свежи и со помалку болести или моментални болки во ‘рбетот, оваа поза за спиење има некои минуси. Не е погодна за луѓето кои страдаат од апнеја или ‘рчење.

Како морска ѕвезда

Оваа позиција за спиење е исто така добра, ако страдате од болки и напон во грбот. Без разлика дали вашите раце се наоѓаат настрана, нагоре или околу перницата, спиењето на овој начин може да ви донесе многу здравствени придобивки. Не само што ќе ги намалите болките во вратот, но и ќе го одложите појавувањето на брчките или ќе го намалите ризикот од појава на кожни осипи по лицето.

И покрај своите аргументи, оваа поза за спиење може да е причина да ‘рчите, а во зависност од тоа како сте ги поставиле рацете, да извршите притисок врз нервите во рамената и тоа да предизвика болка.

Феталната позиција

Феталната позиција се смета за една од најпознатите погрешни пози за спиење. Иако повеќето луѓе спијат на овој начин, тоа може да им создаде голем број проблеми со грбот и вратот, но исто така и да го забави длабокото дишење за време на спиењето. Оваа поза за спиење е добро да се избегнува и од бремените жени.

Спиење на стомак и малку на една страна

За спиењето во оваа позиција се смета дека се одразува позитивно врз дигестивниот систем, но исто така е докажано дека може да го реши и проблемот со рчењето. Сепак, поставувањето на главата на едната или другата страна може да доведе до тензии во вратот. Исто така спиењето на стомак го зголемува и ризикот од појава на рани брчки.

Со гушната перница

Без разлика во каква положба спиете, ќе доживее помалку болка, ако вашето тело е дополнето од мекоста на една перница. На пример спиењето со перница помеѓу бутовите е избор на многу бремени жени. Спиењето на стомак и на една страна, така што половина тело да е на меката перница, исто така може да ви обезбеди удобност за време на спиењето.

Сподели.


Коментарите се затворени.