Нов тренд: Овој телефон ќе ве скенира во 3Д верзија

0

Најновите телефони на Sony кои што беа претставени на IFA саемот во Берлин, ја следат познатата дизајнерска насока, но и нудат и футуристички 3Д скенер од кој што од компанијата очекуваат да привлече голем број на купувачи.

3D Creator е алгоритам на Sony за едноставно 3Д скенирање на предмети со помош на предната камера од 19 мегапиксели. Оваа опција отвора низа на креативни можности со кои што ќе можеме да снимаме 3Д верзии од разни предмети и тоа за само 60 секунди.

Низ снимањето ќе ве води краток водич, а потоа дигиталната 3Д верзија од вас ќе можете да им ја испратите на вашите пријатели, да ја испринтате на 3Д принтер или пак да направите анимација со вашиот лик. Секој од начините на скенирање доаѓа со детално објаснување и целата постапка е многу лесна за користење.

Можеби најинтересната опција е тоа што вашиот лик ќе можете да го вметнете во проширена реалност. Тоа значи дека откако ќе направите ваш 3Д скен, ќе можете да го вметнете преку камерата во AR функција и забавата може да започне. На располагање имате разни костими или активности за вашиот виртуелен 3Д лик.

Оваа апликација моментално е достапна само на моделите Xperia XZ1 и Xperia XZ1 Compact Sony, но наскоро ќе пристигне и на останатите телефони. Како што велат од компанијата, 3D Creator ќе биде ексклузива за телефоните Xperia како и за конзолата PlayStation.

Сподели.


Коментарите се затворени.