120 000 денари во накит и пари вчера се украдени од стан во Штип

0

Само два часа сопствениците на стан  во штипскта населба Осми ноември не биле дома и тоа ги чини над 120 000 денари.

Според нивната изјава во полиција, сопружниците вчера  од дома излегле помегу 12 и 14 часот што било  сосема доволно крадците да ја завршат нивната работа.  Во станот влегле  насилно и однеле 550 лева, 15 000 денари и златна бразлетна вредна 90 000 денари.

Полицијата веке работи на случајот,  но истовремено и апелира сопствениците на куќи и станови да бидат дополнително  внимателни.

  • Апелираме до граѓаните пред напуштањето на домовите да ги превземат сите заштитни мерки, како заклучување на вратите, гаражите, да ги остават сите светла вклучени, како и да му дадат клуч на сосед или роднина кому му веруваат, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Вчера полицијата поднесе 5 кривични пријави против 9-мина штипјани одговорни за 12 кражби. Оттука и апелот за внимателност.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.