Мајка ја открила “тајната” на успешниот брак, а нејзиниот одговор станал вирален хит

0

Сите кои се во брак или долга љубовна врска трагаат по тајната за одржување на страста и добриот однос со партнерот. Една од таквите жени и мајки кои сите ги прашуваат за тајната на успешниот брак е и Ники Пенигтон, која е во брак 11 години.

“Обично се насмевнувам кога ќе ме прашаат. Ги знам типичните одговори на паровите кои ги следат правилата како што се: “Не си легнувајте лути” или “Секогаш му кажувам дека го сакам кога заминува”. Знаете ли колку пати во единаесет години мојот сопруг спиел на каучот пред да имаме деца, само затоа што сме биле лути еден на друг?”, вака Ники ја започнува својата приказна.

Таа открила дека повремените расправии и лутења заминале во втор план откако добиле деца. Ники истакнува дека секој ден е борба, но важно е да се трудите и да пробувате. Својата “тајна” за среќен брак и самата ја прекршила.

“Знаете ли колку пати мојот сопруг заминал од дома, без да ми каже “Те сакам”, едноставно поради децата и животот. Неговиот начин да ми каже “Те сакам” е понекогаш да ме остави да поспијам наутро. Ние ги прекршивме сите “тајни”. Тајната на долготрајниот брак е воопшто да нема никакви тајни. Стануваш и пробуваш повторно и повторно, и така секој ден”, истакнува младата мајка.

“Тоа е снаоѓање кога сте млади и живеете од смрзната храна бидејќи тоа е сè што можете да си приуштите. Тоа е останување будни цела ноќ, плачејќи со своето новороденче бидејќи сте двајцата уморни и преплашени, но сте заедно. Само така можете да изградите живот за својата идна фамилија”.

“Се работи за сознанието дека ништо нема да биде совршено и дека вашиот брак нема да биде врвен и совршен – бидејќи тоа не е вистинскиот живот. Се работи за толку препреки кои вашиот живот може да ви ги постави, но ќе се погледнете и ќе сфатите дека не сте сами. Ќе знаете дека вашиот најдобар пријател е покрај вас. Станува збор за знаењето дека никогаш не можете да бидете спремни за товарот кој ќе морате да го носите заедно со вашиот партнер, но едноставно знаете дека сте спремни да го преземете товарот кога едниот ќе попушти. Само обидувајте се секој ден и никогаш немојте да застанете. Доколку застанете, нема да успеете, а тоа е единствената работа која што не е тајна”, заклучила Ники, чиј статус е споделен на Фејсбук повеќе од 130.000 пати.

Сподели.


Коментарите се затворени.