Британскиот магазин GQ ги додели наградите за мажи на годината!

0

Лондон вчера беше во центарот на вниманието и беше домаќин на модните икони, актери, музичари, продуценти. Погледнете кој се беше награден на овогодинешните награди.

Пристигна и тој момент од годината кога најголемите имиња во модата, музиката и културата доаѓаат во Лондон за британските награди на магазинот GQ за мажи на годината. Овогодинешното издание се случи вчеравечер во Тејт Модерн, чиј домаќин беше Марк Стронг.

Нагарада доби актерот од Војната на ѕвездите, Марк Хамил чија награда му беше врачена од страна на Симон Пег. Поранешниот член на One Direction, Зејн Малик, кој се најде на насловната страна на магазинот доби награда за најпозната стилска икона. Специјалната награда отиде во рацете на уредникот на драмата Stranger Things која се емитува на Нетфликс, ѕвездата на Suicide Squad, Џаред Лето беше прогласен за актер на годината. Поранешниот фронтмен на Оазис, Лијам Галагер беше прогласен за рок – ѕвезда на годината.

Рита Ора, Гордон Ремзи и Џејден Смит беа само дел од славните гости кои им ги врачуваа наградите на победиците.

Сподели.


Коментарите се затворени.