За два месеца, девет штипјани разбиле 12 објекти!

0

9 штипјани на возраст од 19-30 години за два месеца разбиле 12 објекти:

  • Со употреба на сила и користејќи згодна прилика упаѓале во објекти и возила од каде одзеле разновидни предмети, стекнувајќи се со против правна имотна корист од 640 илјади денари, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

За сите нив, полицијата поднесе 5 кривични пријави, што на поединци овде само им го зголемува криминалното досие, зашто во бизнисот со кражба, тие биле од поодамна:

  • Неколку од овие пријавени лица се добро познати на полицијата и против истите досега неколку пшати биле поднесени кривични пријави до јавното обвинителство, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Дел од предметите се пронајдени и вратени на сопствениците, но ова не секогаш е случај. Поради ова, од полицијата уште еднаш апелираат:

  • Апелираме до граѓаните пред напуштањето на домовите да ги превземат сите заштитни мерки, како заклучување на вратите, гаражите, да ги остават сите светла вклучени, како и да му дадат клуч на сосед или роднина кому му веруваат, изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Ова особено важи за продолжените викенди кога граѓаните се надвор од дома, шанса која крадците со душа ја чекаат. И едните и другите на тест се веќе овој викенд кога ќе се слави Денот на независноста.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.