Moto Z2 Force Edition: Телефон со екран кој не може да се скрши?

0

Moto Z2 Force Edition е телефон со екран кој не може да биде скршен и дизајниран е со намера да ги надмине најдобрите телефони на денешницата. Ќе чини 799 евра.

Располага со 5,5 инчен екран со резолуција од 2,560 х 1,400 пиксели кој што е заштитен со “ShatterShield” технологијата. Моторола оваа технологија ја воведе во 2015-та година и докажано е дека функционира прилично добро со оглед на тоа што колку пати и да ви падне телефонот, екранот нема да пукне.

Иако екранот не може да се скрши, сепак не е целосно отпорен на гребнатинки, а можеби единствената маана му е тоа што не е целосно водоотпорен. Од Моторола тврдат дека има „водоотпорна нано-обвивка“.

Moto Z2 Force Edition располага со двојна камера, 12-мегапиксели резолуција и му овозможува на корисникот „да си игра“ со длабочински ефекти на фотографиите. Предната камера има 5-мегапикселен широкоаголен објектив кој што овозможува да направите селфи со повеќе луѓе на фотографијата.

Како што открија од Моторола, новиот Moto Z2 Force Edition ќе биде достапен во црна, златна и сребрена боја.

Сподели.


Коментарите се затворени.