Google претстави нов уред за виртуелна реалност кој што работи на речиси секој паметен телефон

0

Google произведе нов уред за виртуелна реалност – ARCore, кој што е компатибилен со паметните телефони кои што работат на оперативниот систем Андроид, па дури и со оние телефони кои што имаат камера со послаба резолуција и напредни сензори.

Google инаку веќе има свој уред за виртуелна реалност наречен Tango, но овој уред може да работи само со моќните паметни телефони кои што имаат развиени сензори, моќни екрани и камери и спецификации за поддршка на виртуелна реалност.

Сепак, со ARCore, Google ја отвора можноста поголем број на луѓе да се поврзат со уредите за виртуелна реалност. Како што велат од американската компанија, се надеваат дека ARCore ќе поддржува околу 100 милиони уреди.

Покрај ова, од Google очигледно имаат намера да ги поттикнат инжинерите и програмерите повеќе да се насочат кон развивање на апликации и содржини за виртуелната реалност.

Корисниците ќе можат со ARCore да креираат посебен виртуелен 3Д свет со ликови и објекти кои што ќе можат да ги постават во „реален простор“ и да ги гледаат преку паметниот телефон. Исто така, ARCore располага со многу специјални ефекти со кои што од Google се надеваат дека ќе привлечат поголем број на корисници.

Иако новиот уред на Google изгледа како некоја игра која што нема некоја друга цел, освен да ги забавува луѓето, од компанијата истакнуваат дека со развојот на апликациите за виртуелна реалност, во иднина ќе се зголеми и корисноста на нивниот уред за виртуелна реалност.

Сподели.


Коментарите се затворени.