38-годишник нападнат со нож во центарот на Штип

0

38-годишник нападнат со нож во центарот на Штип. На него ладно оружје му извадил 30 години постар маж и неколку пати замавнал со истото кон него, во намера да го повреди. За среќа, раката на старецот била бавна, а штипјанецот исплашен за својот живот брз во одбраната па успеал нападите да ги избегне.

По ова, тој скокнал во коритото на Отиња, од каде успеал да повика полиција, но и да се сокрие од нападите со нож.

Поголем инцидент, но и сериозни последици спречила брзата интервенција на полицијата која старецот го совладала експресно и му го одзела ножот.

Истрагата треба да покаже, што всушност се случувало меѓу двајцата мажи пред да заигра ножот. Засега само се знае дека двајцата добро се познавале, а на инцидентот со нож, му претходела жестока кавга меѓу нив.

стар

Сподели.


Коментарите се затворени.